Prvа gеnеrаciја vо rаzvојоt nа kоmpјutеritе | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Prvа gеnеrаciја vо rаzvојоt nа kоmpјutеritе". Rad ima 14 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
УНИВЕРЗИТЕТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”-БИТОЛА
ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-ПРИЛЕП
Семинарска работа на тема:
Прва генерација во развојот на компјутерите
Изработиле: Предмет: Компјутерска техника и информатика
Дефиниција
Компјутер е електронски уред кој се користи за обработка на податоци според строго одредена процедура. Во англиски јазик зборот Computer (приближен изговор помеѓу кампјутр и компјутр, со одомашена транскрипција “компјутер“) се користел за нарекување на луѓе кои се бавеле со аритметички пресметки, со или без механички помагала, но подоцна е користен и за самите пресметувачки машини. Најпрво, обработката на информации со компјутерите била ограничена исклучиво на аритметички проблеми, но современите компјутери се користат и за многу задачи неврзани со математика. Оваа дефиниција опфаќа механички уреди како што е шибер, разни механички пресметувачи од абакус па натака, како и сите современи електронски пресметувачи. Некогаш постоела поделба на аналогни и дигитални електронски компјутери но со време аналогниот изумрел па денес поимот компјутер се однесува исклучиво на дигитален компјутер. Современите пресметувачи(компјутери) се појавиле во педесетите години од дваесетиот век, а работеле така што податоците се припремале на издупчени картици и потоа преку посебни оптички читачи се внесувале во компјутерот каде понатаму се вршела обработка на податоците. Резултатот се прикажувал на монитор или со помош на принтер се принтале на хартија. Во седумдесетите се појавиле џебните пресметувачи, кај нас познати под името дигитрони.
Мејнфрејмови
Мејнфрејм е компјутерот во седумдесетите години од дваесетиот векСкоро истовремено се воведени оддалечени (тн. "глупи") терминали кои имале монитор и тастатура за внес на податоци во едно куќиште но обработката на податоците и поната се вршела во главниот(и единствен) компјутер (анг. Mainframe). Подоцна се појавиле и "интелигентни" терминали кои дел од операција можеле да го извршуваат сами. Википедија, денес, е во електронска смисла организирана на сличен начин - главниот компјутер е во САД, а интелигентните терминали(ПЦ) кај корисникот. Интернетот има улога на "мрежа".
Домашни компјутери
По пронаоѓањето на интегралните кола а помеѓу нив посебно микропроцесори и мемориски интегрални кола кон крајот на шеесетите години, во седумдесетите се појавиле домашните компјутери од типот Apple, Sinclair (ZX Spectrum, ...), Галаксија, Commodore (VIC, 64, ...) итн... Главна намена им била да служат како скромни процесори на текст, малку вкрстени табели и, најважно, игри. Иако не треба да се заборави дека компјутерот, ако говориме за професионална примена, во 80% од случаите се користи како текст процесор.
Лични (персонални) компјутери
Во почетокот на осумдесетите се појавиле и првите лични компјутери. По многу краток период на пазарот останале две јаки фирми IBM (ај-би-ем) и Apple (Епл - јаболко). И додека IBM го зафати пазарот за деловни луѓе со својот персонален компјутер IBM PC, Apple својот компјутер Apple Lisa го намени за научниците и уметниците со графика. Благодарение на тн "отворена архитектура" - јавно објавена електрична шема на компјутерите и слободни слотови на матичната плоча, им овозможило на другите фирми да развијат околу 4000 различни штампани плочи кои со поставување во IBM PC компјутерите можеле да извршуваат и многу други додатни различни функции (управување со роботи, мерни инструменти, медицински уреди, технолошки процеси во фабрики, мелкари, пиварници, кланици и сл.)
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET